Со почетокот на летната сезона, Граничната полиција евидентираше случаj одземање, односно кражба на регистарска табличка од возило со македонски национални ознаки. Имено на крајот од минатата недела, поточно на 26.06. на ГП „Богородица“, евидентирана е кражба на предна регистарска табличка од патничко моторно возило марка „VW Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Н.Б. од Битола. Кражбата се случила во градот Солун, а истата не била пријавена во грчката полиција.
Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на регистарски таблички на возила на македонски граѓани. Во првиот случај на ГП „Богородица“ евидентиран е оштетувања на регистарски таблици на патничко моторно возило марка „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од лицето Р.Т. од Битола, која пријавила дека на 21.04. во местото Лефкада, со црн спреј и се оштетени предната и задната регистарска таблица. А, во вториот случај, на 06.05.2014 г., лицето Х.Ц. од Скопје кој управувал патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, пријавил дека во градот Солун му била оштетена со црн спреј предната регистарска таблица и предната десна страна од возилото.
Од овие случаи само еден е пријавен (случајот во Лефкада) од наши државјани во грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за настанот.