Микрософт и НАСА изработуваат очила за полесно истражување на вселената

Микрософт и НАСА соработуваат во изработката на очила со зголемено доживување на „ХолоЛенс“. Станува збор за очила кои би им ја олесниле работата на астронаутите за истражување на вселената, а со тоа би ги намалиле трошоците за таквите мисии.

Очилата многу наликуваат на маска за скијање, а му овозможуваат на операторот од Земјата да го види она кое го гледа астронаутот во вселената, а со тоа, може да му се дадат упатства во реално време, односно инструкции кои се прикажуваат на екранот од очилата. Со ова, се намалува неопходната обука на астронаутите и со самото тоа се намалуваат и трошоците за вселенски истражувања.

Датумот на пуштањето во употреба на овие очила сеуште не се соопштува, а ниту нивната цена.