Обука за постигнување на цели во борба против криумчарење и илегална миграција

Во период од 2 до 4 јули, Центарот за европска перспектива од Република Словенија, во соработка со Царинската управа одржува обука како дел од проектот „Постигнување на цели во борба против криумчарење и илегална миграција“. Обуката ја отворија директорот на Царинска управа на Република Македонија г-ѓа Наташа Радеска Крстевска, Амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Бранко Раковец и проектниот директор г-ѓа Андреја Долничар Јерај.

Обуката организирана во соработка и со поддршка на Центарот за европска перспектива од Република Словенија, претставува продолжение на обуката „Градење на етичка работна средина“ – Модул 1, реализирана во Центарот за обука на МВР во Идризово. Целта на обуката е подобрување на капацитетите на органите на граничните премини (царина, полиција) за заедничко остварување на стратешки цели и ефикасна гранична контрола, пред се за откривање на криумчарење и илегални миграции, а согласно најдобрите пракси на ЕУ.

Во реализацијата на обуката се вклучени 6 експерти од Република Словенија, а учествуваат десет шефови на гранични царински испостави, двајца обучувачи од Царинската управа и десет командири на гранични полициски станици.

IMG_0395