Општина Дебарца деновиве започна со асфалтирање во 6 населни места, Оровник, Горенци,Требеништа, Ботун, Ново Село и Белчишта. Со градежните зафати се подобрува патната инфраструктура во општина Дебарца.
Со овие активности ќе бидат изградени околу 3.500 м2 улици. Денес при изведувањето на градежните зафати, обиколка направи градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски.
Средствата се издвоени од буџетот на општината. Изведувач на градежните активности е фирмата Гранит.