Едукативнa работилница со пензионерите во Струга

На десетата едукативна работилница во Струга, наменета за пензионерите за едукација во однос на нивните права од здравствено осигурување, директорот Џемали Мехази се заблагодари на Сојузот на пензионери и на Црвениот крст за успешно реализирање на едукативните работилници кои имаат цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за нивните права од здравственото осигурување. 

Во своето обраќање до пензионерите, Мехази истакна дека целта на едукативните работилници е информирање на пензионерите како да ги остварат што побрзо и полесно правата од здравствено осигурување. На работилницата имаше презентација за остврување на правата и презентација за трите најчести хронични заболувања кај оваа популација. Мехази исто така истакна дека пензионерите како целна група на осигуреници се могу важни и токму затоа ФЗОМ е секогаш отворен за соработка со нив да им излезе во пресрет на нивните потреби, онаму каде е тоа во надлежност на Фондот.

mehazi-650x396