После половина век, Германија донесе буџет без дефицит

Владата на Германија вчера го одобрила буџетот без дефицит за 2015 година, која ја предложил министерот за финансии Волфганг Шојбле. Прв пат од 1969 година во Германија ќе биде донесен избалансиран буџет кој не предвидува раст на државниот долг на земјата, пренесе Дојче веле.

За обезбедување на избалансираниот буџет растот за 2015 година е планиран на само 0,1 отсто, во 2016 година 3,7 отсто а во наредните години по три отсто. На тој начин планирано е до 2018 година и расходите и приходите на земјата се зголемваат на 329 милијарди евра.

Расходите нема да растат побрзо од бруто домашниот производ за одреден период, нагласиле во министерството за финансии.

Важен фактор, според мислењето на Шојбле, е намалување на односот на државниот долг  во однос на БДП. Ако во одреден момент изнесува 76 отсто, до 2018 година мора да се намали на 65 отсто.

Меѓутоа, опозиционите партии на левицата и Зелената партија предупредуваат дека урамнотежен буџет може да ја загрози иднината на земјата бидејќи би можело да дојде до остар пад на инвестиците во германското стопанство.

Буџетот се заснова на прогнозата на стопанскиот раст на Германија од 1,8 одсто оваа и два отсто наредната 2015 година.

Извор: Нет Прес