Превентивна акција под мотото – „Да ги заштитиме шумите од пожари“

Согласно претходно изготвен план за превземање мерки и активности за заштита од пожари на отворен простор, од  страна на Одделението за превенција при СВР Велес-во Кавадарци беше реализирана превентивна акција под мотото – “Да ги заштитиме шумите од пожари“. Акцијата беше реализирана на два пункта и тоа крстосница кај градски гробишта и на регионалниот пат за  м.в. „Мушов гроб“, кај споменикот 12 Ваташки деца.

Инспекторите за превенција и сообраќајниот полицаец на сите возачи на моторни возила кои се упатуваа надвор од Кавадарци, посебно кон шумските предели, им беа делени едукативни флаери на тема: како да ги заштитиме шумите од пожари а доколку се случи пожар, кои мерки е потребно да се превземат. Во контролата беа поделени околу 200 флаери. И во наредниот период ПС-ОН Кавадарци ќе продолжи со вакви превентивни активности.