Утре, на градскотото пристаниште во Охрид, ќе биде отворено и осветено спомен-обележјето посветено на големиот православен христијански празник „Богојавление-Водици“ – „Фаќач на крст“.
Спомен обележјето што го симболизира вадењето на светиот крст од осветените води на Охридското Езеро, е донација на проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кум на Водици-Охрид 2012, ген. дир. на градежната компанија Адора Инженеринг, автор на скулптурата е академскиот скулптор м-р Ангел Коруновски од Велес, а скулптурата е поставена на рељефен постамент со ранохристијански и богојавленски мотиви. Спомен обележјето „Богојавление-Водици“ е подигнато на иницијатива на донаторот проф. д-р Чифлиганец и здружението за целосна афирмација на МПЦ Богојавление-Охрид, во соработка со Општина Охрид. Спомен обележјето ќе го осветат свештеници на Дебарско-Кичевската Епархија предводени од Митрополитот Тимотеј, а симболично ќе го отворат градоначалникот на Охрид, д-р Никола Бакрачески и донаторот проф. д-р Ванчо Чифлиганец.
Отворањето на спомен-обележјето „Богојавление-Водици“ на што се поканети сите граѓани и гости во Охрид, е во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со што симбилично се означува почетокот на главната туристичка сезона во Охрид.
На свеченоста што ќе започне утре во 10 часот и 30 минути, ќе може да се добијат детални информации за спомен-обележјето, за што е издадена и книгата Спомен-обележје „Богојавление-Водици“ „Фаќач на крст“, на македонски и англиски јазик. Ќе добиете и изјави од градоначалникот д-р Бакрачески и од донаторот проф. д-р Чифлиганец.