Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 37 решенија против 37 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 5 и 3, и член 207 став 1 и 7 точки 1, 2, 4, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на триесет и еден вработен им е изречена мерка “парична казна“ на четири вработени мерка – “запирање на постапката“ и на двајца вработени мерка – “распоредување две нивоа пониско”, а се работи за:
Д.М. командир во ПС ОН Струмица, СВР Струмица, изречена му е мерка „запирање на постапката” (неутврдена одговорност).
Ф.П. инспектор за прифат-сменоводител во ПС ОН Струмица, СВР Струмица, изречена му е мерка „запирање на постапката” (неутврдена одговорност).
З.А. полицаец за БПС во ПО за БПС Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (нема повреда)
К.З. полицаец за БПС вп ПО за БПС Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „запирање на постапка“ (нема повреда)
С.С. полицаец во ПС за ГП и ГН „Деве Баир“, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка “парична казна” (дозволил излез од РМ на бугарска државјанка која го пречекорила престојот).
Д.Г. полицаец во ПС за ГП и ГН „Деве Баир“, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка “парична казна” (дозволил излез од РМ на бугарска државјанка која го пречекорила престојот).
О.В. полицаец во ПС за ГП и ГН „Лабуништа“, РЦ за ГР Запад, изречена му е мерка “парична казна” (физички нападнал лице од Личево).
Ж.К. главен инспектор – раководител во ООК,ОКП, СВР Штип, изречена му е мерка “парична казна” (невнимателно ракувал со службеното оружје и не расветлил доволен број на кривични дела).
М.М. самостоен инспектор за НТ со дрога и оружје во НК за КР Радовиш, СВР Струмица, изречена му е мерка “парична казна“ (го злоупотребил боледувањето).
П.К. полицаец во ПС ОН Центар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ (непристојно се однесувал кон колешка)
М.В. полицаец во ПС за ГП и ГН „Ново Село“, РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка „парична казна“(Разговарал на мобилен телефон за време на работа)
С.Д. виш инспектор за превенција во ПС ОН Свети Николе, изречена и е мерка „парична казна“(Не превзела активности за поднесена преставка)
И.П. полицаец во ПС за ГН Танушевци, изречена му е мерка „парична казна“ (учествувал во тепачка).
Ј.Г. полицаец во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“(од невнимание испукал еден куршум).
А.Г. полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка „парична казна“ (заспал на работното место).
Б.Б. полицаец во ПС НФОО, изречена му е мерка „парична казна“ (заспал на работното место).
А.М. заменик лидер на тим во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа)
Д.Ѓ. лидер на тим во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа)
Б.Т. полицаец во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ (употребувал и бил под дејство на алкохол за време на работа)
Т.М. полицаец во ПС ОН Штип, изречена му е мерка „парична казна“ (не пријавил настан во ПС)
Џ.Д. полицаец за БПС, ПО за БПС Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ (Не бил затекнат на работно место и бил неуредно облечен)
М.Ѓ. полицаец во ПС ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ (му избегало приведено и задржано лице )
Г.И. полицаец во ПС ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ (му избегало приведено и задржано лице)
Р.С. инспектор за прифат – сменоводител во ПС ОН Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“(не дал соодветни насоки за обезбедување на приведени лица)
А.П. полицаец во ПС ОН Кавадарци, СВР Велес, изречена му е мерка „парична казна“(напишал покана за наплата на глоба на лице кое било починато)
Љ.В. водиш на безбедносен реон во ПС ОН Центар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ (не соработувал со СВКПС)
К.П. полицаец во ПС ОН Валандово, СВР Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ (не изготвил службен материјал за обавен разговор со сторител на физички напад и не превзел законски мерки против истиот)
Џ.С. водич на безбедносен реон во ПО за БПС Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ (Не постапил по насоки дадени од полициски советник и не санкционирал сторител на сообраќаен прекршок)
В.Т. полицаец во ПС ОН Гази Баба, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ (бил под дејство на алкохол за време на работа)
В.М. полицаец за гранични проверки во ПС за ГП и ГН Богородица, РЦ ГР Југ, изречена му е мерка „парична казна“ (не обрнал доволно внимание на техничко профилирање на патна исправа)
Д.Р. полицаец на ПС ОН Бит Пазар, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ (Управувал возило за кое не биле спроведени пропишаните формалности за пуштање на истото во слободен промет)
С.К. полицаец за БПС во ПС Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ (известил лице, предмет на меѓународна истрага дека е следен од страна на полицијата)
В.Х. полицаец за БПС во ПС Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ (самоволно отстапил од предвиденото место за служба без да побара дозвола)
А.М. полицаец за БПС во ПС Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ (самоволно отстапил од предвиденото место за служба без да побара дозвола)
С.Д. полицаец во увидна група во ПО за БПС од ПС ОН Прилеп, СВР Битола, изречена му е мерка „парична казна“ (не го изготвил службениот материјал за извршен увид по случена сообраќајна незгода во која имало починато лице)
С.Д. инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во ООК, ОКП, СВР Штип, изречена и е мерка “распоредување две нивоа пониско” (телефонски ја известила мајката на лицето кое се барало за приведување како сторител на КД-Тешки кражби)
М.Н. дежурен полицаец во ПО Матејче, СВР Куманово, изречена му е мерка “распоредување две нивоа пониско” (спиел додека бил на работа).