Ученичка од ОУ „Христо Узунов“ освои трето место на Државниот натпревар во Карате кати

Ученичка во 4-1 оддделение при ОУ „Христо Узунов“, Охрид освои 3 место на Државниот натпревар во Карате кати.


Државниот натпревар се одржа во Кавадарци, а на истиот учествуваа основни и средни училишта од цела Македонија. Ученичката Мартина Петрескаод од ОУ „Христо Узунов“ во силна конкуренција на ученички од прво до петто одделение успеа да се избори и да го освои третото место со што освои бронзен медал.