Завршна вежба од обуката на полициските службеници за спасување давеници и давање прва помош

Во завршниот дел од обуката на на полициските службеници од Регионалните центри за ГР- „Запад“ и „Југ“ за спасување на лица давеници и пружање прва помош на крајбрежјето од Охридското езеро помеѓу двете пристаништа, пред хотел Палас во Охрид беше изведен завршната вежба од обуката на спасување давеник, во која учествуваа 14 полициски службеници поделени во две групи. По однапред подготвено сценарио  се симулираа мерките за спасување на давеник и давање прва помош, што воедно значеше и практично оценување на полициските службеници кои учествуваа на обуката за нивните стекнати вештини и знаења.

Проценка е дека оваа обука значително ќе придонесе во професионалното и ефикасно справување на полициските сужбеници во случаи на давеници и навремено укажување на прва помош. Полициските службеници се во постојан едукативен процес со цел да се обезбеди максимална безбедност на вода и мирно лето за сите граѓани и туристите кои ги посетиваат нашите езера. Инаку, обуката беше спроведена од страна на сертифицирани инструктори од општинскиот Црвен Крст од Охрид, во соработка со инструктори од Англија.

Исто така беше реализирана и показна вежба за спасување давеници од чамец и од педалинка. Со што практично се заокружуваат обуките кои ги посетуваа полициските службеници од РЦ за ГР-Запад и Југ. На оваа вежба покрај полициските службеници присуствуваа припадниците на територијалната противпожарна бригада од Охрид, членови на единиците за безбедност на вода и планина при Црвен крст Охрид и припадници од Капетанија на пристаништа од Охрид.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA