Турново и Шкендија елиминирани, Металург продолжува во следната рунда

Турново и Шкендија веќе ги завршија натпреварите од квалификациите за Лигата Европа. Турново изгуби во гости со 1:3 против Чикура од Грузија, додека пак Шкендија изгуби 0:2 од Зимбру од Молдавија. Работите можеби беа јасни уште по првиот дуел кој Турново го изгуби 0:1 пред своја публика, а Шкендија победи со 2:1, но постигнатиот гол во гости им ја олесни работата на Молдавците.

Металург рутински, со 2:0 ја победи екипата на Санта Колома од Андора и со вкупен резултат 5:0 ќе игра во следното коло од квалификациите за Лигата Европа. Следен противник на Металург е босанскиот Железничар.

WebOhrid