Во Охрид ќе се формира дневен центар за деца со аутизам

Претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска и заменик – градоначалникот Ангел Јанев, денеска остварија средба со учесниците на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот“. Проектот е финансиран од Европската унија преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам и Аспергеровиот синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“. Во проектот учествуваат шест држави со по шест учесника.

„Локалната самоуправа на Охрид, денес имаше исклучителна можност да биде домаќин на учесниците во летниот камп „Волонтеризмот во служба на аутизмот“. Оваа средба беше убава можност да ги запознаеме учесниците на проектот и да им посакаме добредојде, беше убава можност да ги размениме искуствата во справувањето со оваа состојба на оваа категорија на луѓе која што бара посебен третман во својата интеграција во општеството. Во Локалната самоуправа постои цврста заложба за подобрување на вкупната клима, од подигнување на јавната свест за постоењето на оваа состојба до преземањето на конкретни чекори за формирањето на дневен центар за згрижување, односно за работа со оваа категорија на луѓе“, рече претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска.

Volonterstvo_aut_4853

Проектот е подржан од Владата на Република Македонија и општина Охрид, а е под покровителство на првата дама на Република Македонија, Маја Иванова.

Учесниците во проектот изразија голема благодарност за топлото гостопримство, за укажаната можност на учесниците да можат да работат заедно, да споделуваат искуства и да учат едни од други. И за крај на овај престој си посакаа да дојдат и в година и да можат да го посетат ново отворениот дневен центар за згрижување и работа со оваа категорија на луѓе.