Сообраќајните знаци на кружниот тек кај Општата болница, кои неодамна беа искршени од непознати сторители, по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Локалната самоуправа, се заменети со нови.
Заменети се и други искршени сообраќајни знаци на други локации, па затоа од Одделението за сообраќај и улици апелираат дека со заедничка акција на сите општествено одговорни институции, треба да се стави крај на ваквиот вандализам и сторителите да одговараат пред законот.