Заменети искршените знаци на кружниот тек кај општата болница

Сообраќајните знаци на кружниот тек  кај Општата болница, кои неодамна беа искршени од непознати сторители, по налог на  Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Локалната самоуправа, се  заменети  со нови.

Заменети се и други искршени сообраќајни знаци на други локации, па затоа од Одделението за сообраќај и улици апелираат дека со заедничка акција на сите општествено одговорни институции, треба да  се стави крај на ваквиот вандализам и сторителите да одговараат пред законот.