Согласно програмата за развој и работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид јавното осветлување претставува еден од клучните приоритети. Нормалното функционирање на јавото осветлување на територијата на општина Охрид е основната појдовна точка по која се раководи Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици.
Во изминатиот период на полето на јавното осветлување секторот за комунални дејности сработи многу,но значајно е да напоменеме дека согласно зацртаната програма остануваат уште неколку важни аспекти за комплетирање на истата на полето на јавното осветлување. Според договорот за јавно-приватно партнерство со економскиот оператор ДУ-ЕЛ-МА од Охрид во рамките на исполнување на одредбите од Договорот, работат две екипи што ги сервисираат услугите на граѓаните на полето најавното градско осветлување.
Една од екипите работи во руралните средини во рамки на територијата на општина Охрид додека вториот тим е задолжен да ги сервисира и одржува сијаличните места во поширокото централно градско подрачје.Освен редовните сервисирања на постоечките сијалични места по Планот за работа на секторот за комунални дејности,сообраќај и улици влегува и поставувањето на нови сијалични места по критичните точки низ територијата на општина Охрид.Екипите на секторот заедно со екипите на јавниот-приватен партнер во изминатиот период поставија ново улично осветлување на неколку локации :
-ново улично осветлување на ул. „Андон Дуков“,целосно е осветлена црквата Св.Архангел Михаил,
-ново улично осветлување по новоизградениот кеј во туристичката населба Пештани,
-ново улично осветлување низ неколку улици во село Лескоец,
-ново улично осветлување долж булеварот Туристичка(двојно се осветелни поголемите крстоскици долж булеварот,а интервенирано е и врз сијаличните столбови кои подолго време имаа проблем со електричната инсталација и бетонските арматури),
-ново улично осветлување на новоизградениот плоштад долж улица „ Коста Абраш“,(така наречен Мал плоштад) ,
-ново улично осветлување на влезот во стариот дел на градот (поставени се нови рефлектори на влезот од Горна Порта ) и ново улично осветлувањена новоуредениот просторкај Долни Сарај.
Екипите задолжени за јавното осветлување во целост успеваат да одговорат и на пријавите за дефект од граѓаните на општина Охрид така што во изминатиов период се сервисирани повеќе од 400 сијалични места,а голем дел од старите и дотраени сијалици се заменуваат со нови,поквалитетни и штедливи сијалици.Секојдневната замена на старите сијалици со нови,како и дефектите што се појавуваат на терен оди по налог на Секторот за комунални дејности во координација со надзорот на уличното осветлување.
Во следниов период, покрај редовниот сервис на јановото градско осветлување во Планот завработа на секторот за комунални дејности како поважни проекти на тој план се истакнуваат:
-сервис и ново улично осветлување на сцените на НУ „ Охридско лето“
-нови (автентични за град Охрид) канделабри долж Плоштадот
-сервис и по потреба ново улично осветлување на детски игралишта и училишните дворови на територијата на Општина Охрид.