Големиот концерт на италијанските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи со кои стартуваше годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ беше посветен на четворицата припадници на АРМ кои трагично ги загубија животите во хеликоптерската несреќа во Струмица.
Со едноминутно молчење, љубителите на уметноста им оддадоа почит на големите херои, чувари на военото воздухопловство на Република Македонија.
„Сочувствуваме со вас, со целата македонска нација за големата загуба на четворицата млади херои, чувари на воздухопловството“, рече маестро Луис Горелик пред почетокот на концертот.