Првата генерација на „Охридско лето“ го запали фестивалскиот оган

Првата генерација со кои се градеа почетоците на најголемата музичко-сценска манифестација кај нас, фестивалот „Охридско лето“ , Весела Ристеска и Траиче Наумоски го запалија фестивалскиот оган  на 54.издание.

„Ова е голема чест за нас како генерација која е со „Охридско лето“ уште од самите негови почетоци. Навистина е гордост да се биде 54 години активен во градењето на фестивалската историја. Ги паметиме сите подеми и падови, но горди сме што денес може да се каже дека „Охридско лето“ е најдоброто нешто што го имаат Охрид и Македонија“, велат Траиче и Весела.