Три лица се примени во болница откако неколку стотици луѓе ја тестирале својата храброст трчајќи пред шест бесни бикови низ лизгавата улица намокрена од дожд во Памплона во рамките на фестивалот Сан Фермин кој секоја година се одржува во Шпанија.
Портпаролот на црвениот крст Хозе Алдаба рекол дека никој – на шестиот ден од фестивалот, не бил прободен, но дека еден од тркачите е префрлен во болница со можна фрактура на коските.
Општинските власти ја прекриле калдрмата со смеса која би требала да го спечи лизгањето, бидејќи улиците мокри од дождот кој паѓал во текот на ноќта и така да го намали бројот на повредените.
Деветодневниот фестивал е овековечен во романот на Ернест Хемингвеј „Сонцето повторно се раѓа“. Секој ден се организира по една трка со бикови долга 850 метри во која учествуваат стотици луѓе.
Извор: Нет Прес