Кривични пријави за охриѓани поради несовесно работење во службата и кражба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(56), магационер во АД “Емо-Косел“, Т.Ј.(55) и М.К.(55), двајцата обезбедување во АД „Емо-Косел“ за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, а Т.В.(54) шеф на погон, за кривично дело „кражба“. На 23.05.2014 година, T.В ги зел клучевите на погонот-трансформатори и со непознато лице користејќи згодна прилика од магацинскиот простор одзеле 1.190 килограми бакарни фолии. З.Н. иако бил должен да ја контролира состојбата со материјалите на одговорните лица во претпријатието на одговорните лица во претпријатието не пријавил кусок на бакарни фолии. Т.Ј. и М.К. вршејќи други работи  го оставиле фабричкиот комплекс необезбеден , при што го оштетитиле  АД „Емо Косел“ за 585.295 денари.