Екипите на ЈП „Нискоградба“, на улицата „Лазо Трпоски“ работат на поставување линија за одведување на фекалните води. Со изградбата на фекалната канализација ќе се реши долгогодишниот проблем на оваа улица.
Паралено со одржувањето и изградба на нова канализационата мрежа, екипите на ЈП „Нискоградба“ по налог на општина Охрид, работат и на други инфраструктурни проекти.
Нивни екипи деновиве работат на уредување на дворното место на црквата Св. Недела во селото Долно Лакочереј и на уредување на спортскиот полигон во селото Велгошти.