Дездемона, Јаго и Отело низ блиц сцени на „Охридско лето“

Театарската претстава „Отело“ на текст од Вилијам Шекспир, а во режија на Диего де Бреа, синоќа предизвика бура од емоции кај публиката на „Охридско лето“.

Преку совршената игра, помладата генерација актери од Битолскиот народен театар потсетија на вечното постоење на злото кое е длабоко притаено во секој човек.

IMG_2905

Младите и талентирани актери не ја криеја возбудата што се дел од една ваква претстава режирана од,  како што велат, прекрасен режисер со кого е задоволство да се соработува и од кого можат да се црпат искуства на повеќе нивоа. Иако сите не беа присутни на сцената, сепак, во целиот тек на претставата беа на театарските штици во Центарот за култура „Григор Прличев“ и извонредно си ги одглумија своите ликови.

Вечната борба помеѓу доброто и злото во претставата беше прикажана преку ликовите на Дездемона која е олицетворение на ангел, синоним за невиност и чистота и Јаго, во кого лежи злото што длабоко е притаено во секој човек.

IMG_2884 - Copy 1