Двокатниот автобус сопственост на Јавното претпријатие „Билјанини извори“, летово станува атрактивно превозно средство за охриѓани и туристите.
Холандските гости кои кај нас доаѓаат преку туристичката агенција „Охрид холидеј“ која со ЈП „Билјанини Извори“ има потпишано договор за соработка, се воодушевени од панорамскиот разглед на Охрид и крајбрежјето со ова превозно средство.
„Договорот со „Охрид- холидеј“ е само најава за склучување на договори за соработка со уште неколку туристички агенции со кои сме во преговори“ , велат од ова јавно претпријатие.
Покрај на туристичките агенции, ова лето двокатниот автобус ќе им биде достапен и на сите останати чинители во туризмот кои истиот можат да го искористат за панорамски разглед на Охрид и дел од крајбрежјето се до локалитетот „Залив на коските“ во Градиште.