Неделата на движењето одбележана и во Охрид – Движи се за здравје

По повод неделата на движењето, Факултетот за физичка култура- Скопје и Агенцијата за млади и спорт од 29.09 до 05.10- 2014 година во 19 општини низ територијата на Македонија организираа повеќе спортски активности. Целта е да се подигне свеста кај граѓаните за што повеќе да да бидат физички активни и да спортуваат.

Опфатени се повеќе активности меѓу кои: игри без граници, планинарење, пилатес, аеробик и трим. Овие активности се во тек и во Охрид и се раководени од професори по физичко и здравствено образование.

На први и втори октомври децата од ОУ „Хрсто Узунов“ Охрид и ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани имаа можност да спортуваат во спортските сали во нивните училишта и да уживаат во Игрите без граници под раководство на професорката Катерина Стојаноска.

Утре, петок во ИБ фитнес центарот, по повод неделата на движењето ќе се одржи аеробик и пилатес под раководсвто на проф. Кате Бујароска и проф. Ристе Јанкоски.

Како дел од глобалното движење NOW WE MOVE, се одржува недела на движењето MOVE WEEK и во Република Македонија.

Организатори се : Федерацијата за рекреативен спорт, Меѓународна асоцијација за спорт и култура (ISCA) Меѓународна велосипедска федерација, а спонзори Кока Кола, Европската комисија и Агенција за млади и спорт.