Општината со мерки од кои се задоволни и угостителите и охриѓани

Локалниот инспекторат во соработка со останатите надлежни служби, минатата недела  започна акција на  контрола  на нивото  на бучавост во угостителските објекти во Охрид.

Со контролата која  се одвиваше во средата, четвртокот, петокот, саботата и неделата беа опфатени  30 угостителски објекти , ресторани и кафулиња.  Кај три од нив констатирани се прекршувања, односно бучавоста ја  надминала   дозволената горна  граница од  65 децибели и за истите следи парична казна во износ од 800 евра во денарска проти  вредност. Контролата на бучавост ќе продолжи и наредниов период, а се резлизира со цел решавање на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа жителите од стариот дел на Охрид, односно неможност да се одмараат или спијат во вечерните часови  поради многу  гласната музика од кафулињата кои се сконцентрирани во старото градско јадро.

Во насока на задоволување на интересите и на угостителите и на жителите од Стар град, Општина Охрид донесе одлука  во 15-ина дена од летово,  за празници или кога во  Охрид се случуваат значајни културни манифестации да се  продолжи работното време на угостителските објекти  за еден односно два часа. Со тоа се задоволуваат барањата и на угостителите  кои ќе имаат повеќе гости и на охриѓани кои ќе имаат мирен сон.