Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Ш.К.(32) од Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 18.10.2013 година, од страна на полициски службеници од Полициската станица Струга извршен е преглед над истиот при што е пронајден еден грам мешавина од тутун и марихуана.