Република Македонија ја издаде третата еврообврзница

 Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денес издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години, односно јули 2021 година.

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво.

Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал.