Привршуваат подготовките за утврдување на конечната локација за изградба на марина, капитален проект чија изградба се најавува со години. Изградбата на овој исклучително важен проект финансиски ќе биде подржана од Владата, со средства од буџетот на Република Македонија.
За изградба на марината засега има две опции за одредување на локацијата. Една е локацијата во централното градско подрачје кај старото градско пристаниште, а втората е во околината на каналот Студенчишта, за која треба да се остварат некои предуслови.Се преговара со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за одбрана околу можноста за дислокација на нивните објекти лоцирани кај каналот Студенчишта.