МТСП: Лицата со инвалидност добија пристап до Министерството

Министерството за труд и социјална политика известува дека лицата со инвалидност добија непречен пристап до Министерството кое подолго време го немаа.

Во текот на вчерашниот ден во Министерството се одржа и средба со граѓански здруженија и организации на лицата со попреченост при што беше посетено и од првото лице со попреченост кое што можеше само без помош од други лица да влезе непречено во просториите на Министерството за труд и социјална политика.

Токму вчерашната средба беше и можност да се потенцира значењето на цврстиот партнерски однос и активното учество на лицата со попреченост и нивните семејства за унапредување на положбата на лицата со попреченост до позиција на рамноправни граѓани кои ќе ги уживаат сите права и одговорности во општеството.

Министерството за труд и социјална политика во иднина проактивно ќе се ангажира и грижи за заштитата на сите граѓани, посебно на лицата со попреченост и ќе вложува максимални напори за нивен пристап до сите институции и нивно слободно движење.