Од недела „На зајдисонце“ во Трпејца

Од 20 до 28 јули Трпејца ќе биде домаќин на Културно – забавната манифестација „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Со својот ненаметлив концепт и бесплатните приредби и активности интересни за сите генерации таа е широко прифатена во јавноста, а оценките се повеќе од позитивни. . 

По чинот на Свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“ ќе биде промовирана химната на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ во изведба на „Распеани ѓерданчиња“. Истата вечер ќе биде отворена изложбата под наслов: „Далеку,а блиску“ од авторите Рома и Лука Фрашчек од Полска. Младите сопружници фотографиите од Трпејца, Охрид и Македонија исто како и фотографиите од родната Полска ги направиле минатата година.   

trpejca so ljubov

„Идејата за ваква изложба се роди за време на нашиот престој во Трпејца. Под влијание на убавините на ова мало место одлучивме да подготвиме изложба на нашите фотографии. Сакавме да се осврнеме на малите заедници и да ја прикажеме нивната убавина, честопати скриена. При изборот на фотографии се фокусиравме на одредени пејсажи и прекрасни моменти од секојдневниот живот. На овој начин сакаме да прикажеме дека навидум различните и далечни места се невообичаено, зачудувачки слични во многу аспекти,“ велат сопружниците Фрашчек. 

Следејќи го утврдениот концепт во текот на осумте дена ќе се менуваат низа интересни настани. 

Вечерната променада ќе има и годинава. Со кајче по езерото и инструментите во раце ученици од ОМУ „Методи Патче“ ќе настапат во два термини. На сцената „Кај бунарот“ ќе биде прикажан документарниот запис „Вака некогаш се ловеше во Трпејца“ од Хилда Кондовска. Ќе следи настап на Женската пеачка група при Здружението на пензионери од Охрид. Mини концерт под наслов „Црвени рози“ ќе има познатиот Томислав Маниќ,а ќе настапи и ансамблот „Билјана“

Планирани се веќе познатите и  бесплатни школи за англиски јазик,  шах и пливање. Ова издание најверојатно ќе се памети по креативните работилници за оригами и изработка на уметнички композиции во чија основа ќе бидат бисерните камчиња од Трпејца. Во соработка со Црвен крст – Охрид и Националниот парк „Галичица“ организаторите предвидоа презентација на „Спасување на вода“ и прошетка по патеката Чоколско. И годинава ќе се фаќаат рипчиња на јадица  и ќе се подготвува чорба од риба, а ќе се одржи и Кајакарската регата „Номче Митрески“. Во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан и филмот „Мис Стон“. Филмот делумно е сниман во Трпејца, а на времето речиси сите жители биле статисти во него.   

Покровител на манифестацијата и годинава е Општина Охрид. Свој удел во манифестација покрај Здружението, Месната заедница и Црковниот одбор имаат и спонзорите и поддржувачите  претежно од Охрид и Трпејца.

trpejca so ljubov2

 Погледнете ја програмата

ТРЕТО  КУЛТУРНО – ЗАБАВНО ЛЕТО  „НА  ЗАЈДИСОНЦЕ“ ВО ТРПЕЈЦА – 2014 

НЕДЕЛА – 20 ЈУЛИ

20:30   СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ 

Промоција на химната: „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“  – т: Милчо Јованоски,м: Методија Бараковски  и арр: Јовица Каралиевски. „РАСПЕАНИ ЃЕРДАНЧИЊА“

Изложба на фотографии: ДАЛЕКУ, А БЛИСКУ од Рома и Лукаш Фрашчек од Полска

Теодора Филоска – виолина, Стефани Велјаноска – виолина и Филип Волкан – виолина

 ПОНЕДЕЛНИК – 21 ЈУЛИ 

14: 30 УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ – Соња Думбалова – Делова 

16:00  KРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА  БИСЕРНИТЕ КАМЧИЊА ОД ТРПЕЈЦА 

20: 00 БИСЕРНИТЕ КАМЧИЊА ОД ТРПЕЈЦА –  Продажно – хуманитарна изложба, автор: Анета Јованоска  

 ВТОРНИК  – 22 ЈУЛИ  

11:00  ПРЕЗЕНТАЦИЈА  СПАСУВАЊЕ  НА ВОДА –  ЦРВЕН КРСТ – Охрид 

14: 30  УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ  

19:00  ШКОЛА ЗА ШАХ „ЛАСКЕР“ – Борис Лушески   

20: 30  ВАКА НЕКОГАШ СЕ РИБАРЕШЕ ВО ТРПЕЈЦА – документарен запис Хилда Кондовска 

 СРЕДА – 23 ЈУЛИ 

10: 30  КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА – ОРИГАМИ – ЦРВЕН КРСТ – Охрид – Наташа Алексиќ

 14: 30   УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ 

 19:00   ШКОЛА ЗА ШАХ  – ШК  „ЛАСКЕР“  

20:30 ПРОМЕНАДА – СО КАЈЧЕ ПО ЕЗЕРОТО  – ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“ 

Кристина Љушкоска – флејта и Теодор Љушкоски – кларинет 

21: 00 НАСТАП КАЈ БУНАРОТ  

 24 ЈУЛИ – ЧЕТВРТОК  

10: 30  КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА – ОРИГАМИ 

 14: 30 УЧИМЕ ДА ПЛИВАМЕ   

 19:00  ШКОЛА ЗА ШАХ   

 20:30  ЖЕНСКА ПЕЈАЧКА ГРУПА  Здружение на пензионери  – ОХРИД   

 ПЕТОК – 25 ЈУЛИ 

10:30  КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА – ОРИГАМИ ( Продажна – хуманитарна)

19:00   ШКОЛА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК – ГАБРИЕЛА НЕДЕЛКОСКА   до 27 јули ( недела) 

 20:30  ПРОМЕНАДА – СО КАЈЧЕ ПО ЕЗЕРОТО 

Димитар Гаврилоски – виолина  и  Филип Гаврилоски – хармоника 

21: 00 НАСТАП КАЈ БУНАРОТ  

  26 ЈУЛИ – САБОТА 

10: 30 ТРАДИЦИОНАЛНА КАЈАКАРСКА РЕГАТА  „Номче Митрески “ 

19:00  ШКОЛА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК   

20: 30  КОНЦЕРТ НА ТОМИСЛАВ МАНИЌ – ЦРВЕНИ РОЗИ 

 27 ЈУЛИ – НЕДЕЛА 

 10: 30  НАТПРЕВАР ВО ФАЌАЊЕ РИБА НА ЈАДИЦА И ПОДГОТОВКА НА ЧОРБА ОД РИБА 

19:00 ШКОЛА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК    

20: 30 МИС СТОН – македонски игран филм – делумно сниман во Трпејца.  КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА 

 28 ЈУЛИ – ПОНЕДЕЛНИК   

  10:30  ПО ПАТЕКАТА ЧОКОЛСКО  – Национален парк „ГАЛИЧИЦА“ 

   20: 30 СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ –  НАСТАП НА АНСАМБЛ „БИЛЈАНА “ – Охрид.