Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во академската 2013/2014 година се запишани вкупно 57 746 студенти, што претставува пораст за 1.5% во однос на академската 2012/2013 година.
Бројот на запишани студенти – жени изнесува 31 450 или 54.5%.
Најголем број на студенти или 88.5% се запишани на државните високообразовни установи, додека 11.1 % се запишани на приватните високообразовни установи.
Во прва година на студии, во академската 2013/2014 година се запишани 19 173 студенти или 33.2% (тука се опфатени и студентите кои по втор, трет и повеќе пати запишуваат прва година).