„Многу врева за ништо“ – наградена со преполна сала и силен аплауз

Место повеќе се бараше за театарската претстава „Многу врева за ништо“ што беше изведена синоќа на фестивалот „Охридско лето“.

На текст Вилијам Шекспир, а во режија на Дејан Пројковски, актерите од Театар Комедија од Скопје, освен глумата, покажаа и други нивни вештини како што се пеењето, свирењето на музички инструменти и танцувањето.

Teatar Komedija-2

Гротеската на мигови доловуваше комични сцени, па ја враќаше публиката кон трагичното, за повторно да ја насмее и да ги заслужи аплаузите на присутните во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Иако пишувана во 1598 година, „Многу врева за ништо“ ја донесе универзалната тема, борбата за вистинска љубов, и упорноста и отпорноста на љубовта.

Teatar Komedija-3

Театар Комедија премиерно ја изведе претставата „Многу врева за ништо“ на 30.јуни во рамките на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Teatar Komedija-pubika