Почина екс-министерот Владо Поповски

Денеска,  по кратко боледување, на 59-годишна возраст почина Владо Поповски, член на Извршниот одбор и претседавач на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.

Во својата плодна политичка и професионална кариера тој беше министер без ресор во Владата на Република Македонија во периодот 2002-2006 година, во  два мандати Секретар на Град Скопје и директор на ЈП „Водовод и канализација“.

Во последен период од својата истакната професионална кариера во два мандати, од февруари 2010 година,  беше секретар на Општина Карпош. Во последниот период од својата богата политичка  кариера беше член на Извршниот одбор и претседавач на Централниот одбор на Граѓанската опција за Македонија-ГРОМ.

Погребот на Поповски ќе се изврши утре.

Извор: Нет Прес