Велосипедската федерација на Македонија настапи на трка France GP Cuiseaux со јуниорскиот репрезентативец Андреј Петровски кој го освои првото место во јуниори и на пиедесталот се најде заедно со францускиот шампион до 23 години, тој на целта пристигна со повозрасната категорија U-23 и оствари убедлива победа на оваа престижна трка.
Андреј Петровски се наоѓа во камп на UCI во Аегле Швајцарија каде се подготвува за Европското и Светското првенство во друмски велосипедизам и за Олимписките игри за млади кои ќе се одржат следниот месец во Нин Јанг во Р.Кина каде ќе настапи со својот колега од репрезентација Јован Јованоски.
Одличната форма Андреј Петровски ја потврди на Европското првенство во Хронометар кое се одржа на 09.07.2014 во Швајцарија, каде се пласираше како дваесети, на оваа трка со часовникот Андреј постигна одлично време, но неговата форма тренерите ја темпираат за Олимписките игри за млади каде тој ќе биде во топ форма.
На Европското првенство во Друм кое се одржа на 12.07.2014 во Швајцарија, тој се пласираше како четириесети со 9 секунди заостаток зад победникот.
Многу е тешко на овие првенства сам натпреварувач без екипа да избори пласман на спринтот меѓу први три, ни изјави неговиот тренер Петровски, екипи од шест седум возачи работат само за еден од својата екипа, Андреј на само неколку километри пред целта беше во добар бег кој за жал беше достигнат од конкурентните екипи, неговото време е одлично има време со шесто пласираниот тој навистина е во добра форма.
Вториот репрезентативец кој ќе не преставува на Олимписките игри за млади е Јован Јованоски, тој претходниот викенд настапи на Планинска HCO трка на Стара планина во Р.Србија и го освои третото место.
Наредниот месец Јован ќе настапи на Планинска HCO трка во Р.Хрватска, овие трки му се подготвителни за настапот во Кина, неговите останати подготовки се во Македонија гаде следниот викенд вози Државно првенство на Македонија во Планински велосипедизам.