Повторно оштетување на зеленилото на пешачката патека

За време на изминатиот викенд од страна на дежурните служби повторно е забележано оштетување на зеленилото од страна на несовесни граѓани.

„Искорнети се неколку дрва од видот „Каталпа” и истите се пронајдени исфрлени во нивна непосредна близина. На истиот простор е извршено палење на сувата трева и на шест палми. Случајот е пријавен во полиција.“- информираат од ЈП „Охридско Комуналец“.