Како што пренесуваат светските медиуми, во соборениот малезиски авион се наоѓале 295 патници и членови на екипажот. Никој не преживеал, а меѓу жртвите имало 80 деца.
154 од патниците биле Холанѓани, 27 Австралијанци, 23 Малезијци , 11 Индонезијци, 6 Британци, 3 Филипинци 1 бил Канаѓанец, додека националноста на останатите 27 патници се уште не е позната.
Семејствата на загинатите се во шок и очекуваат информации за своите сакани и за истрагата за причините за рушењето на авионот.
Извор: Нет Прес