Програмата за изработка на урбанистички планови се реализира со предвидената динамика

Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште во вториот квартал од 2014 година целосно има завршено со изработка на осум ДУП, што се дел од предвидената развојна  програма за Општина Охрид за периодот 2014-2016. Тие се усвоени од Советот на Општина Охрид  и се ставени во употреба.

Според програмата за работа во фаза на изработка се уште 35 ДУП, 3 УПВНМ, 10 УП и три ЛУПД, сите финанасирани од Општина Охрид. Исто така во фаза на донесување се и 27 ДУП, 4 УПВНМ, 10 УП и една ЛУПД, кои се финансирани од физички и правни лица.