Игра, забава, едукацијата и награди, така изгледаше викендот за посетителите на една од охридските плажи. Како дел од едукативната промоција на „Дурекс“ друштва млади луѓе на плажата, имаа можност играјќи ја играта „Дурекс 69 – Не лути се човеку“, да се натпреваруваат за интересни награди. Истовремено, Дурекс девојките ги едуцираа младите, им даваа корисни информации и им одговараа на сите прашања поврзани со правилната заштита при сексуалниот однос. Победниците беа наградувани со летни реквизити, а сите учесници во играта „Дурекс 69 – Не лути се човеку“ за да нема лутење добија презервативи од најпопуларниот светски бренд.
Дурекс за следниот викенд повторно најавува нови изненадувања за младите во Охрид.