Вечерва на Антички театар, во рамките на Охридско лето, со почеток од 21 часот концерт на ансамблот на „Танец“ кој цели шест децении е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура. Фестивалот и овојпат ќе биде во знакот на хуманоста. Заедно со Танец несебично ќе ја помогнат акцијата на новинарите за спас на 11 годишното момче од Охрид кое боледува од многу тешка болест (прогресивна мускулна дистрофија). Потребна е итна операција на клиниката “BY” во Пекинг, која чини 35 000 евра. Семејството не е во состојба да ги плати трошоците за оперирање и лекување. Токму затоа сите посетители љубители на македонските народни игри и песни ќе можат да се вклучат во оваа акција со купување на ЦД – донација на Танец пред влезот на Антички како како и да свртат на телефоните ONE – 075 143 113 VIP – 077 143 155 Т MOB 070 143 105 .
Со секое јавување се донира по 100 денари + ДДВ.
Уплата може да се изврши и на следната жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка.
Децата се најголемиот благослов и дар од Бога – Заедно можеме да спасиме еден детски живот!!!