Заради зачестените кражби на металните капаци од електричните столбови за јавно осветлување, а во насока на подобрување на квалитетот на јавното осветлување, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, упатува апел до граѓаните на Охрид, да престанат со оваа појава. Крадењето на истите ја намалува ефикасноста на јавното улично осветлување, сериозно влијае врз безбедноста на минувачите и создава лоша слика за гостите кои го посетуваат градот.
Од Секторот најавуваат дека веќе е започната санацијата на оштетените електрични и замена со нови капаци.