Во рамките на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ Културно – забавната манифестација во Трпејца „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ која започна на 20ти, а ќе трае до 28 овој месец вториот ден е резервиран за творештвото на Анета Вршкоска Јованоска. Активностите ќе започнат во 16:00 часот со работилница за изработка на креации на бисерните камчиеа од брегот на Трпејца кои потоа ќе бидат продавани, а дел од средствата ќе бидат наменети во хуманитарни цели во Црвен крст Охрид.
Центалниот настан преку мултимедијален перформанс ќе започне во 20:00 часот во месноста наречена „Кај бунарот“. Сите дела на авторот Анета Вршкоска Јованоска се специјално изработени за настанот и се со мотиви од Трпејца, а и дел од материјалите кои се користени за делата се токму од ова место. Овој Втор циклус Од љубов за Трпејца е продолжение на изложбата со наслов „СОЕДИНУВАЊЕ“, која за прв пат публиката имаше можност да ја види на 17-09-2013 година.