Во организација на Фитнес центарот „Фитформ“ , во соработка со општина Охрид и со поддршка на Црвен Крст, ЈП „ Охридски комуналец“ и ЈП „ Билјанини извори“ , синоќа на градскиот плоштад , за првпат се одржа манифестацијата „ Фитнес на Отворено- поттикнување на свеста на луѓето за спортување.
На овој атрактивен настан учестуваа 12 девојки и инструкторката од Холандија Јелена Градич, а на крајот во вежбањето се вклучија бројните минувачи, кои заедно со девојките покажаа како може да се спортува.
Во забавниот дел настапија естрадните уметници Ѓоко Танески, Петар Маркоски, Симона Попоска и Владимир Василески- Четкар, а двегодишната Стефанија доби награда.
Организаторите најавија дека оваа манифестација за промоција на спортувањето ќе стане традиционална.