Продолжува нестабилното време во Македонија. Денес не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат поројни.
Ќе дува северен ветер кој повремено ќе се засилува. Можна е и изолирана појава на невреме со град. Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени.
Во наредните денови во попладневните часови се уште ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи, но претпладне ќе биде претежно сончево, а температурата повторно ќе биде во пораст.
Извор: Нет Прес