Нови сметки за плаќање на радиодифузна такса

Управата за јавни приходи ги информира обврзниците за плаќање на радиодифузна такса дека плаќањето на радиодифузната такса, покрај на собирната сметка на ЈП МРТ отворена во Комерцијална банка 300000002318627, отсега ќе можат да го вршат и во следните банки каде се отворени нови сметки на ЈП МРТ за плаќање на РДТ:

-Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје – 250001002999026
-НЛБ Тутунска банка АД Скопје – 210040634060360
-Халк Банка АД Скопје – 270040634060270

Новоотворените сметки за плаќање на оваа обврска ќе бидат наведени на задната страна на Решението за утврдување на радиодифузна такса, почнувајќи со месец 07/2014 година. Обврзниците уплатата на РДТ ќе можат да ја вршат на овие сметки, како за следните месеци почнувајќи од месец 07/2014, така и за претходните месеци за кои заостанале со плаќање.