Охрид привлечна туристичка дестинација за секоја категорија гости

Културно – историските белези, геостратешката положба, поволните климатски услови, и прифатливите цени на туристичките понуди секогаш го прават Охрид привлечна туристичка дестинација. Плажарскиот туризам никогаш не бил и нема да биде основа во туристичката понуда на градов. Намалениот број на посетители на плажите поради лошите временски прилики не ни дава за право да оценуваме дека овогодинешната летна сезона е слаба. Напротив Охрид има потенцијал и неколку работи со кои може да конкурира на седумте мориња околу нас.

„Ние можеме да понудиме културно наследство , рекреативен, здравствен туризам. Сметам дека сериозно треба да се земат во предвид севкупните состојби на Балканот и во Европа и конечно Охрид да почне да ги афирмира позитивните примери кои што ги има. Во Охрид после осамостојувањето нема нереконструиран хотел освен Палас. Вие имате убави плажи, одлично средено централно градско подрачје а секако имате и огромно културно наследство кое полека доживува реафирмација , ќе добиете и афтпопат.. Охрид ги исполнува стандардите за сериозен центар кој што може да ги сервисира клиентите на многу високо ниво“, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денес во Охрид беше дел од Локалниот Економски Совет на кој се расправаше за начините и мерките кои ќе допринесат за подобрување на летната туристичка сезона.

Решавањето на инфра –структурните проблеми преку изградбата на афтопатската делница од Кичево до Охрид како и субвенционирањето на дирекните авио линии за Охрид значат почеток на нова ера во туризмот. Но до изградбата на автопатската делница мора да се изготви сериозна туристичка стратегија.

Охрид мора реално да ги потенцира своите туристички потенцијали затоа што само на таков начин ќе го најде одговорот на прашањето Во кој правец треба да се гради туризмот.

„Локалната самоуправа , државата и приватниот сектор мора заеднички да разговараат и да одговорат на прашањата : Кои се можностите ? и Во кој правец ќе ја градат стратегијата за туризам“ , потенцира Азески.

Ohrid_privlec_tur_dest_4852

Иако лошите временски прилики битно допринесоа во изминатиов период од годинешнава летна сезона да имаме помал број домашни гости, радува фактот што расте бројот на странски туристи во Охрид.
Наплатата на туристичката такса која е индикатор за бројот на туристи покажува дека нивниот број годинава е зголемен во однос на изминатите.

„Во однос на 2011-та година кога Општина Охрид наплатила од туристичка такса околу 26 000 евра за месеците април, мај и јуни, за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кој што според нашите согледувања ќе се компензираат во месец август “– вели Претседателот на Стопанската комора за туризам, Лејла Крстевска .

Искуството вели дека Охрид спаѓа во групата туристички дестинации кои нудат можности за сечиј џеб.

„Цените на понудените производи од 2010 година се исти иако трошоците кои се вградуваат во туристичкиот производ се зголемени во поглед на поскапа струја, нафта“... , додава Крстеска.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денес апелира за објективно прикажување на сите показатели на квалитетот на туристичките услуги и понудите во Охрид .

„Обидите на дел од медиумите да се наруши имиџот на Охрид во насока на прескапи цени на туристичките услуги е необјективна. Цените во Охрид се составени за секој џеб . Има понуди на услуги за гости со поплиток и со подлабок џеб. Охрид дава услуги кои што се наменети за сите кои имаат намера да дојдат кај нас“, вели градоначалникот Бакрачески кој го дели ставот со Азески и Крстеска дека инфра структурните зафати кои ги презема Владата на Република Македонија како и Локалната власт, битно ќе допринесат за развојот на стабилен и сериозен туризам.

„Факт е дека во Охрид од година во година расте бројот на странски гости благодарение на мерките кои Владата на Република Македонија ги презеде во делот на субвенционирање на дел од туристичките аранжмани и секако субвенционирање на авио летовите кон скопскиот аеродром.Изградбата на афтопатската делница од Кичево кон Охрид и потоа од Гостивар кон Кичево е од круцијално значење за развојот како на туризмот така и на свкупниот економски развој во Охрид . Морам да напоменам дека значајни се и напорите на Локалната самоуправа која што во изминативе неколку месеци ги вложи во делот на Стратегијата за субвенционирање на регуларни летови од охридскиот аеродром. Ние цврсто сме убедени дека од наредната година ќе имаме можност да изнајдеме авио –агенција која што ќе пројави интерес да воспостави регуларни летови преку цела година од некои од нашите понудени дестинации, врз основа на која што ние ќе можеме да направиме екстензија на сезоната и она што Охрид го нуди и надвор од летната сезона односно преку целата година, во делот на културата , на спортот и културно истпориското наследство“ , додаде градоначалникот Бакрачески.

Надлежните од Општина Охрид, заедно со сите чинители и понатака ќе работат на подобрување на условите за развој на туризмот.

Ohrid_privlec_tur_dest_4851