Охридските улици се прекриени со кабли од кабелските и телекомуникациски оператори кои на примитивен начин, со дрвени бандери, ја одржуваат својата инфраструктура.
Несреќата која се случи деновиве кога цистерна урна 7 бандери заплеткани во каблите покрена лавина критики кон Локалната самоуправа која иако бандерите дефакто се дивоградби и незаконски стојат, сеуште ги толерира.
Неофицијално, граѓани на кои бандерите им се паралелно со нивните прозорци од домовите, балконите, над нивните дворови или слично се обратиле до Локалната и најавуваат дека повеќе нема да бидат мирни пред оваа опасност и со собирање потписи ќе покренат иницијатива операторите инфраструктурата да ја испратат под земја.