Нови прозорци и врати во училиштето во Требеништа

Во училиштето во село Требеништа деновиве се поставуваат енергетски-ефикасни прозорци и врати. Според проектот „Енергетска-ефикасна општина“ предвидени се повеќе активности меѓу кои  и набавка и поставување  на прозорци и врати. Договорот за овој проект е склучен помеѓу општина Дебарца и  Здружение на граѓани Проактива.

Исто така од буџетот на општина Дебарца издвоени се средства за поставување на ламинантни подови и фасада на училишната зграда. Градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски вели дека оваа инвестиција е од големо значење за учениците да имаат подобри услови во образовниот процес.