Досегашната продажба на влезниците за концертот на најголемата српска музичка ѕвезда, Цеца, вели дека на стадионот „Билјанини извори“ на 1 август во 21 часот ќе има повеќе од 20.000 луѓе. Истите тие, ќе имаат неповторлива можност во живо да го преслушаат албумот „Позив”. Истиот оној албум со кој што во регионот Светлана Ражњатовиќ – Цеца рушеше рекорди на слушаност и посетеност на концертите.
Неработниот понеделник го продолжи периодот во кој влезницата за концертот на Цеца ќе ве чини 600 денари, до среда. Од среда до денот на самиот концерт ќе треба да платите 800 денари а на влез 1000 денари за партер и трибина и 1200 за Вип (фан пит). Билетите се во продажната мрежа на Купи карти за се, Југотон, Камарад – Рамстор, Розе Веро 2, локалните кафулиња и киосци низ државата и на неколку продажни пултови во Охрид. Информации и резервации за влезници на телефонскиот број 078969998.
За сите оние кои што сакаат да стигнат во Охрид само за концерт, организаторот обезбеди и организиран превоз од Скопје, Битола, Прилеп, Кочани, Виница, Штип и Куманово.
„Во Македонија досега имав неколку големи концерти, но ниту еден од нив не се случи во Охрид. Среќна сум и возбудена што конечно ќе се појавам и пред публиката во овој најубав македонски град” – изјави Цеца.
Освен најголемите хитови од долгогодишната кариера, премиерната изведба во живо на песните од последниот албум, апсолутниот летен хит – дуетот со Аца Лукас „Не заносим се ја”, Ражњатовиќ најавува и многубројни изненадувања како дел од концертот на кој што работи извесно време.
Музичката ѕвезда во Охрид ќе стигне ден пред концерт, но пред да стигне таа ќе пристигнат 10 шлепери опрема за да се состави бина, озвучување и осветлување кое што Цеца само го побара како би можела публиката во Охрид да ужива во истиот концертен спектакал во кој што уживаше и цела Европа.
Почетокот на концертот е закажан за 21 часот и 30 минути.