Охридските надлежни инспекциски служби бараат концесионерите на плажите да ги отстранат сите неправилности, инаку во спротивно ќе се соочат со казна.
По една недела инспекторите повторно ќе направат надзор и ако нема оставено слободен простор за гостите ќе бидат казнети. Ќе се мери и бучавата од музика која ечи од плажите, особено во ноќните часови од 20 до 4 часот изутрина.
Дел од концесионерите ги отстрануваат недостатоците на охридските плажи. Ги тргнаа пренатрупаните лежалки, чадори, маси и столови. После истекот на седумте дена од предупредувањето на инспекторите повторно ќе се контролираат плажите. Оние кои нема да остават слободен простор за гостите ќе бидат казнети.
„Кај тие што не ги имаат отстрането недостатоците Комисијата за урбанизам којашто е надлежна за решавање на тие проблеми ќе ги санкционира. Дали ќе има раскинување на договорите или некои други санкции ќе зависи од одлуката на Комисијата,“ изјави Никола Милески општинскиот инспектор.
Извор: Нет Прес