Мрвица: Секогаш бев отворен за експериментирање со музиката

Хрватскиот пијанист Максим Мрвица претпладнво на прес-конференција најави дека вечерва на Антички театар ќе приреди репертоар којшто публиката на „Охридско лето“ долго ќе го памети.

Тој рече дека првпат настапува во Македонија, и изрази задоволство што ќе биде дел од еден реномиран фестивал на кој дефилираат најголемите светски музички имиња.

Многу ми е мило што настапувам на еден ваков реномиран фестивал на кој настапуваат големи светски имиња, и особено пијанисти кои многу добро ги знам и се дел од светската музичка елита. Публиката што ќе дојде вечерва на концерт ќе биде задоволна од репертоарот што го избрав за оваа пригода.Избрав кросовер композииции од целата моја кариера, поточно од сите мои десет албуми и како и секогаш, ќе отсвирам еден помал блок класична музика“, најави Мрвица.

На новинарско прашање дали му годи што го нарекуваат Франц Лист, Мрвица одоговори дека за не го тоа е голем комплимент којшто го прима со задоволство, со оглед на тоа што Лист е музичар на сите времиња.

„Што се однесува до успехот, се зависи од тоа што ќе си поставиш во главата. Мене успехот ми се случи пред 11 години, така што од почетокот беше мошне необично. Класичната музика е поинаква од она што јас сега го работам. Имам фанови кои вриштат цело време додека траат концертите.Требаше подолг период за да се адаптирам на еден ваков стил во животот, но сето тоа помина,“ рече хрватскиот пијанист Мрвица.

 Тој откри дека во моментов настапува во регионот околу неговата родна Хрватска, како што се Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и дека Азија е неговиот најголем пазар.

„Азија е мојот најголем пазар. Таму секогаш се враќам, таму бележам најголеми успеси, најмногу концерти и најмногу продадени компакт-дискови“, додаде хрватскиот пијанист.

Околу тоа дали е тешко адаптирањето од класичната музика кон кросовер програмата Мрвицапојасни дека се работи за една поинаква дисциплина која бара навистина напорна работа.

„Мислам дека беше потешко со оглед на тоа што е поинаква дисциплината на изведба. Нешто што во класиката е најценето, не постои во кросовер. Морате егзактно, во совршено темпо зашто имате матрица што ве следи, така што во таа смисла, ми беше многу тешко да се префрлам во изведувањето на кросовер. Од друга страна кросовер е многу поедноставана програма, таму немате четири пијана и четири врски форте-а. Приватно слушав електронска музика и секогаш бев отворен кон експериментирањето со музиката и претставувањето на класичната музика, така што иако беше тешко, за мене претставуваше огромно задоволство“, нагласи Мрвица.

Селекторката на музичкиот дел на фестивалот „Охридско лето“ Гордана Јосифова –Неделковска рече дека ова 54.то издание, помеѓу другото ќе се памети и по врвни пијанитички имиња коишто се предводници на светската пијанистичка елита на денешницата.

„Врвната пијанистичка елита ја надополнуваме со ушт еден светски пијанист пред се, класичен пијанист којштовеќе одамна го потврди своето име на светската пијанистичка сцена, а меѓу другото е и најпродаваниот кросовер пијанист на целиот свет-Максим Мрвица. Иако на 11-годишна возраст се потврди неговиот извонреден талент и го имаше својот прв солистички настап со симфониски оркестар, со свои 30 години ги доби најголемите епитети од најстрогите музички критичари,“ изјави Јосифова –Неделковска.

Според неа, со врвно музичко образование што е многу важно за секој музичар по завршувањето на музичката кадемија во Загреб, на академијата „Франц Лист“ во Будимпешта, со врвно образование во Париз, Мрвица веќе покажа дека ќе биде пијанист за којшто ќе се говори.

„Но она што од него направи мегаѕвезда е неговиот настап и неговите концерти како кросовер пијанист.Заради тоа, ние одлучивме оваа година, овој концерт, оваа програма, оваа изведба на „Охридско лето“ на светскиот пијанист, да ја посветиме на нашата помлада популација, но и на пошироката публика. Затоа се одлучувме Максим Мрвица да настапи со ваква програма“, рече селекторката на музичкито дел на фестивалот.

Вечерва, како што најави Јосифова-Неделковка помеѓу публиката ќе бидат и странски гости, кои доаѓаат специјално во Охрид само за да го проследат концертот на мега ѕвездата Максим Мрвица.

Инаку, како што потсети, од почетокот на годинешното фестивалско издание досега настапија неколку звучни музички имиња како што се Елизабета Леонскаја и големиот Аркадиј Володос.

„За овие концерти, за овие врвни пијанисти се бараше карта повеќе, а Света Софија беше исполнета до последно место, дури и се стоеше,“ рече Јосифова-Неделковска.

mrvica press 3 - Copy 1